ИТ настан: Како да станете дел од Google Summer of Code?

Google Summer of Code  e глобална програма која им овозможува на студентите кои се постари од 18 години да пишуваат код за разни проекти за слободен софтвер. Накратко, ќе можете да работите за светски проекти за слободен софтвер во одлични тимови, каде ќе работите на реални проблеми и вашата работа веднаш ќе биде видлива. Порај можноста да научите многу, за вашата работа ќе бидете стипендирани од Google.

На ФИНКИ на 12.03 можете да дојдете за да чуете повеќе за програмата, а воедно и да слушнете за минатите искуства на оние кои веќе учествувале. Часот ќе се одвива вака:

  • Вовед и објаснување за програмата – Тамара Атанасоска;
  • Што е и зошто е толку важен слободниот софтвер што и Google го спонзорира на овој начин – Дамјан Георгиевски;
  • N-map и искуството со GSoC – Горјан Петровски;
  • Apache Tapestry и искуството со GSoC – Драган Шахпаски;
  • Прашања.
Сите презентации ќе траат по 10 минути.

And last but not least, Google треба да ни пратат некои goodies, кои не знам што ќе бидат. Ако не стигнат до понеделник, ќе ве чекаат во хаклаб. Тој статус ќе го провериме на настанот :).

Се гледаме!

2 коментари на “ИТ настан: Како да станете дел од Google Summer of Code?

  1. За тие што сакаат но неможат да присуствуваат дали можеби настанот ќе биде снимен па видеото закачено некаде за симнување?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии