ИТ настан: Како да дизајнирате иновативен продукт? Дознајте на Startup Grind Skopje

Што треба да направите за да успеете со вашиот стартап? За почеток треба да имате квалитетен и иновативен продукт, а потоа да знаете како да го однесете надвор од Македонија на реномирани стартап натпревари.

Ова на кратко ќе биде презентација на Митко Цабевски на четвртиот Startup Grind Skopje на 17 декември. Митко е македонски претприемач кој го знаеме по неговиот претходен стартап Ambio.me и сегашниот u:Plug, паметен штекер креиран во соработка со хрватски девелопери. Во неговото стартап искуство, може да се истакне дека има учество во бројни стартап настани, акселератори и организации како Seedcamp Њујорк, StartupBootCamp Копенхаген, TechStarts Demo Days Париз, StartupCamp Риека и други. Тој е исто така еден од организаторите на Startup Weekend Скопје.

По Митко, презентација ќе одрржи и Веле Самак, министерот за странски инвестиции, кој ќе зборува за неговото искуство со иновациите и претприемаштвото.

Што се однесува до настанот, Startup Grind Skopje е организиран од бизнис тренинг центарот Clear View, а под лиценца на глобалната Startup Grind заедница. Целта на овие друштвени собири е да се инспирираат локалните претприемачи, и да се потикне стартувањето иновативни компании преку споделување на искуство и знаење. Во претходните три Startup Grind Skopje се зборуваше за TweetsPie, Time.mk, за македонски гејминг со говори од GG.mk и Tesseract Interactive, и слушнаме мислења од македонски инвеститори за локалната стартап сцена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии