ИТ настан: Исложба на Instagram фотографии во Concept 37

Нова Instagram изложба се одржува во Concept 37, овој пат 25 автори од Македонија, членови на групата Инстаграмџии, ќе ги изложат своите фотографии, пишува Oкно. Отворањето на изложбата е на 4-ти јуни, но сите заинтересирани можат да ја посетат во текот на неделата.

Изложбата е продажна, а средствата од продажбата ќе бидат донирани за лекување на Михаил Јолески, кој мора да биде опериран поради аномалија на бубрезите. Свои фотографии ќе изложат: Александар Буневски, Александар Наумчевски, Ана Јакимска, Бојана Димитрова, Борјана Србиновска, Вера Христовска, Весна Тирицовска, Даниел Ангеловски, Димитар Чунговски, Елена Фиданска, Ерина Богоева, Еџе Али, Злата Голабоска, Ивица Тодоровски, Ирена Мила, Ирина Аврамовска, Јане Наумоски, Кристина Крстевска, Марија Петровска, Марија Најдовска, Наташа Бошевска, Сашо Попоски, Симона Калица и Христина Гогу.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии