ИТ Настан: InTech Meetup по седми пат во Скопје

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Традицијата продолжува и оваа година, на 30 октомври во Public Room ќе се одржи седмото издание на InTech Meetup. Целта на настанот е да ја едуцира македонската ИТ заедница и да поттикне вмрежување и размена на знаење. Tемата на која ќе се говори оваа година е „Cloud Computing: Today and Tomorrow“.

Говорниците оваа година доаѓаат од два гиганти во индустријата. Алекс Касалбони доаѓа од AWS, а Асиф Кадим Малик од Alibaba Cloud.  Предвидена е и Q&A сесијата со Здравко Спасев, DevOps Lead Engineer во InPlayer. Г. Касалбони е експерт за облак сервисот во AWS. Неговиот придонес во open-source проекти како што се Serverless Framework и AWS SAM е од исклучителчно значење. Ко-организатор е на ServerlessDays во Милано и како технички евангелист често зборува на конференции низ целиот свет, ги поддржува заедниците на софтверски инженери и им помага во градењето на апликации во облакот.

Г. Малик работи како Solutions Architect во Alibaba Cloud и стои зад некои од најголемите технолошки трансформации во финансискиот и јавниот сектор. Во неговото претходно работно искуство е дел од реномирани светски компании како што се IBM, Oracle и Alibaba Cloud. Тој е водач кој им помага на индустриите на глобално ниво да иновираат со имплементирање на нови технологии.

На настанот ќе се одржи и работилница со тема „Building with the AWS cloud development kit“. Работилницата  е предводена од Гоце Стефков, AWS Engineer во InPlayer.  Бројот на места за работилницата е ограничен, па ако сте заинтересирани треба побрзо да го потврдите вашето учество.

InTech Meetup го организизра InPlayer, а на оваа година е поддржан од Cognism и SMS Construction.

Регистрирањето за настанот е на следниот линк.

За повеќе информации, следете го InTech Meetup на: Facebook, Instagram, Twitter или преку #intech хаштагот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии