ИТ Настан: InTech Meetup #6 на 9 април во Public Room

IT.mk редакција

во feature, ИТ.МК

На 9 април во 18 часот во Public Room, Скопје, продолжува традицијата на InTech Meetup со шестото издание на настанот кој има за цел да поттикне размена на знаења за нови технологии и вмрежување на луѓето од ИТ заедницата во Македонија. Овојпат тема на дискусија е Machine Learning: An artificial intelligence approach.

Шестото издание на InTech Meetup ќе го одбележат тројцата говорници кои во Скопје доаѓаат од Amazon Web Services, ProSiebenSat1 и TeamViewer. Тоа се Julien Simon, Lukas Pollmann и Filip Vitek.

Julien e експерт за вештачка интелигенција во Amazon Web Services. Пред да се приклучи на AWS, Julien работел 10 години како CTO/VP Engineering во врвни стартапи, каде што водел големи тимови задолжени за илјадници сервери низ целиот свет. Низ своето долгогодишно искуство успеал да ги сфати ограничувањата на физичката инфраструктура, а притоа да ги согледа предностите на cloud computing.

Lukas e Data Scientist во ProSiebenSat1, најголемата медиумска компанија во Германија. Претходно има работено како технички евангелист за машинско учење во Microsoft, а исто така е основач и на најголемата студентска мрежа за нови технологии при Техничкиот универзитет во Минхен. Дел од вештините кои ги поседува се: Data Science, Cloud Computing, Machine Learning, а главна цел му е да им помогне технички на стартап компаниите да стигнат до ,,cloud” и пошироко.

Filip е експерт за анализа на податоци со 15 годишно искуство во различни индустрии, иноватор, блогер и спикер на многу светски настани. Од 2017 година тој е Data Science Director во TeamViewer, една од водечките германските компании, каде што неговиот тим го анализира однесувањето на повеќе од 1,7 милијарди корисници од 252 земји.

Oна што е новост кога се во врска InTech Meetup настаните е workshop-от со Julien Simon на тема Amazon SageMaker, кој ќе се одржи веднаш по презентацијата на последниот, трет говорник. Со оглед на тоа дека бројот на места за workshop-от е ограничен, побрзајте и заедно со регистрацијата потврдете го своето учество.

Зад организацијата на овој настан стои InPlayer, а на истиот е поддржан од Cognism, SMS Construction и Anhoch. Како поддржувачи на настанот се јавуваат IT.mk – како медиумски партнер, Brainster и Smartportal.mk

Се гледаме на 9 април во 18 часот во Public Room. Регистрирајте се на следниот линк.

За повеќе информации, следете го настанот преку социјалните профили на Facebook, Instagram, Twitter или преку #intech хаштагот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии