ИТ Настан: InTech #5 во чест на 20 години Open Source

IT.mk редакција

во Вести

На 29-ти мaj од 18:00 часот, во MKЦ Клуб ресторанот во Скопје ќе се одржи петтиот InTech meetup организиран од страна на InPlayer.

InPlayer ве повикува на уште едно, петто по ред, InTech дружење на 29-ти мaj од 18:00 часот, во MKЦ Клуб ресторанот во Скопје.

Темата на овој InTech meetup е 20 годишнината од Open Source Software што навистина претставува пресвртна точка во ИТ индустријата на глобално ниво. На оваа тема на сцената ќе се појават да зборуваат:

  • Sarah Novotny​ – Head of Open Source Strategy на GCP, ​Google
  • Jan Wildeboer​ – EMEA Evangelist, ​Red Hat
  • Visar Zejnullahu​ – Software Development Engineer, ​Free Software Macedonia

Фокусот ќе биде на теми како изворедниот успех на Open Source движењето од неговото појавување во 1998 до денес, можностите и инспирацијата кои ги нуди, како и успешни приказни од компании кои инвестираат за да се популаризира неговото влијание. Говорниците ќе ги споделат своите професионални искуства, знаења и предизвици од секојдневнието во оваа индустрија на иновативност и лидерство.

Местата за настанот се ограничени, затоа пријавете се ​тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии