ИТ настан: Инстаграмџии подгответе ги телефоните за нов #InstaMeetSkopje

Се организира втор #InstaMeetSkopje, три години откако беше организиран првото дружење на македонски корисници на Instagram. Повторно е организиран од DzaBest, но овојпат наместо во Зоолошката градина во Скопје, ќе се одржува во Старата Чаршија, што е одлично место за правење фотографии.

Настанот е закажан за 21-ви и 22-ри март, кога и самиот Instagram ги повикува своите корисници ширум светот да одржат таканаречени „meet ups”. Но, за да биде настанот локален, и за да може да се споделат локални фотографии, македонските инстаграмџии ќе треба да ги тагираат своите постови со #InstaMeetSkopje. Поканети се сите љубители на фотографии и видео, аматери, професионалци, ентузијасти за друштвени мрежи и било кој друг што сака добро дружење.

„Искусните инстаграмџии велат дека сончевите зраци (се надеваме ќе ги има) после 14 часот во сабота биле одлични за сликање со малите камери на паметните телефони. Нема агенда, се собираме сите на влезот во чаршијата во 14 часот, и полека се пуштаме во фото-откривање на мистичните ќошиња на овој преубав дел од Скопје“, велат организаторите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии