Откако српската министерка за информатичко општество, Јасна Матиќ, ја отвори конференцијата со презентација каде ги најави неколкуте нови приоритети и проекти на српското МИО, планот за развој на стратегијата за електронски комуникации и го прогласи 11-ти јуни за ден на дигиталната агенда… присутните, воглавно менаџери на поголеми компании и ИТ оддели, развија бурна дискусија во која воглавно се критикуваше како министерството несоодветно го троши доделениот буџет, не се концентрира на реалните проблеми како достапноста на широкопојасниот интернет во целата држава, прескапата цена на мобилниот интернет (Србија покрај ДДВ, дополнително наплаќа 10% данок за мобилни услуги), законската регулатива за водење бизнис, како и немањето на PayPal.

iFront конференцијата беше поделена на четири дела:

  • Веб – нова платформа за водење бизниси
  • Мобилна телефонија – очи и уши на интернетот
  • Веб маркетинг
  • Онлајн ПР

Јуре Шустериќ, менаџер во Nokia задолжен за бизнис развој, со одлична презентација и доста интересни податоци се обиде да го објасни потенцијалот и можностите помеѓу веб-от и мобилните навлегувајќи детално во стратегијата на Nokia.

Веб маркетинг делот беше отворен од страна на Кристијан Мар Хауксон од Исланд, директор на Search & Online Communications, каде што беше објаснета потребата од оптимизирање на сајтовите за пребарувачи и колку SEO-то има огромна улога во водењето на е-бизнис. По неговата презентација, Душан Узелац, директор на Kamatica.com го објасни бизнис моделот на неговиот сајт каде што дискутираше за проблемот со немањето ликвидни клиенти на српскиот пазар и колку голема улога игра моделот на компензација (звучи познато? :)). По нивните презентации, следуваше мојата каде што зборував за дигиталната економија и како таа го менува светот и начинот на информирање, комуникација и водењето бизнис.

 
Последниот дел се однесуваше на онлајн ПР и водењето на успешни интернет кампањи. Импресивна беше презентацијата на британецот Алекс Сас од Renagede Media кој зборуваше за неколкуте успешни кампањи кои тој ги има водено.

Еднодневната конференција, која се оддржа во Битеф театарот (доста кул место!), занемарувајќи ги проблемите со интернет и слабата вентилација, помина одлично и организаторите, Front.rs, успеаа уште еднаш да направат настан каде што домашни и странски експерти и “дигитални револуционери” ќе имаат можност да се поврзат и да ги споделат своите искуства.

2 коментари на “ИТ настан: iFront 2010

  1. Одличен извештај. И одлични презентации (иако недостасуваат и искажаните зборови, се разбира).

    Се прашувам дали кај нас ќе се најде јунак да организира ваков вид на конференција — некоја каде што ќе се разговара и за проблемите, а ќе бидат присутни претставници од сите инволвирани страни. Затоа што сега, само си се поздравуваме едни со други преку медиумите, си праќаме пораки како ќе биде, како требало да биде и кој каде згрешил.

    Единствен директен контакт помеѓу државните институции (примарно, нашето МИО) и стопанството (а каде се останатите?) — барем колку што сум јас свесен — е на редовните средби кои ИКТ комората ги има со министерот Ивановски. Останатото е „сам по сам“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии