ИТ настан: И на трет Engage ќе зборуваме за друштвениот активизам, уметност и слободата

Третата конференција за друштвен активизам, Engage, во организација на Младински образовен форум и Радио МОФ, е закажана за 14 јуни. Во рамките на Engage домашни и странски активисти, уметници, новинари и ИТ експерти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавни простори, активизам преку друштвени медиуми, слобода на изразување, истражување и креирање политики, јавна дебата и помагање на заедниците.

На агендата на третото издание на Engage предвидени се 25 говорници, 14 презентации и 8 работилници, а Радио МОФ ќе обезбеди и аудио/видео пренос на својата веб страна. Оваа година ќе има и Engage Generator работилници за 4 области – јавна дебата, изразување на јавни простори, мултимедија и интернет и истражување и креирање на политики, на кои ќе се развиваат акции кои посетителите би сакале да ги организирате. Конференцијата ќе заврши со Engage the Nignt – музички, електронски, фанк и техно собир на летната сцена на МОБ (старо летно диско на МНТ).

„Преку ENGAGE, МОФ се стреми да го подигне нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како во сферата на друштвените медиуми така и во физичкиот простор“.

Регистрацијата е отворена до 8-ми јуни на engage.mof.mk. Можност за учество ќе имаат првите 200 пријавени учесници. Еngage е поддржано од National Endowment for Democracy, Фондацијата Отворено општество и Проект на УСАИД за граѓанско општество во организaција на Младински образовен форум и Радио МОФ.

[youtube]BMMfi9dft8I[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии