ИТ настан: Хаклабот КИКА организира мини курс за користење и програмирање на Arduino

Хаклабот КИКА е место на кое секојдневно се собира хакерската заедница во земјата со цел да споделат и стекнат знаење. Место на кое се собираат луѓе заинтересирани за технологијата, компјутерите, машините, електрониката, слободниот софтвер и слободната култура. Досега во КИКА се имаат одржано неколку курсеви, а еден меѓу поледните е тој кога луѓето од хаклабот организираа предавања по програмскиот јазик С и беше наменет за студентите на ФИНКИ. Исто така, секоја сабота во „КИКА“ се случува „Сподели знаење“, четврток е резервиран за програмирање, додека пак во понеделник секој што има проблем со GNU/Linux или Android може слободно да побара помош.

Покрај сите овие активности или поточно мал дел од активностите, на 16-ти и 17-ти октомври ќе се одржи мини курс за користење и програмирање на Arduino за почетници. Курсот опфаќа запознавање со електрониката на микроконтролери и како со Arduino може да постигнете целосна контрола и автоматизација на секојдневните работи.

Пријавувањето е до 1-ви октомври, а двете предавања ќе ги држи Александар Лазаров кој е автор на LED коцката. Тој со едноставни примери ќе се обиде да ја претстави моќта на Arduino како отворена платформа и за што се можете да го користите.

„Во курсот, учесниците ќе бидат запознаени со работата на Аrduino-то и интернет на нештата. Односно, како со помош на Arduino можете да постигнете целосна контрола врз секојдневните обврски и да го автоматизирате нивното извршување“, вели Александар.

Курсот ќе трае 4 часа од по 45 минути и ќе биде поделен во два дена, а ќе чини 3.500 денари во кои е вклучен и целиот комплет потребен за работа, а доколку веќе имате Arduino – цената на курсот е 2.300 денари. Заинтересираните ќе добијат Arduino , USB кабел, бредборд, 10 диоди, 1 сензор за температура и сите потребни кабли. Повеќе за програмата и каде се наоѓа хаклабот КИКИ можете да прочитате на официјалното вики.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии