ИТ настан: Хаклабот КИКА организира курс за програмирање

Хаклабот КИКА, слободната зона за споделување знаење, oрганизира курс за фундаментални концепти во програмирањето, кој започнува на 7-ми октомври и ќе го води Андреј Трајчевски. „Идејата е студентите да ги научат фундаменталните концепти од програмирањето (функции, типови на податоци и колекции, услови, циклуси). Kурсот е структуриран на таков начин што, по пат, ќе научат и да се снаоѓаат во Linux терминал, да работат со Git, да научат што се тестови итн“, објаснува тој.

Курсот е генерално за луѓе што се запишале на студии за компјутерски науки, или што планираат да следат таква кариера и сакаат во иднина професионално да програмираат. „Значи не е онаков практичен „јQuery web страна во 10 лесни чекори“ курс, туку фокусиран на суштината на програмирањето“, вели Андреј. „Сите учесници ќе добијат USB со модифициран Ubuntu Linux, на кој ќе биде инсталиран целиот софтвер што ќе им треба. Лаптоп ќе треба да си донесат сами. USB-то си го земаат по завршувањето на курсот“. Курсот се плаќа, но парите одат за добра цел – за оддржување на хаклабот.

Повеќе информации за курсот и како да се пријавите има на следниов линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии