ИТ настан: Хакатонот за креирање игри Ludum Dare е закажан за почетокот на декември

Ludum Dare го закажа следниот натпревар за периодот од 5 до 8 декември. Станува збор за 72-часовен гејминг хакатлон на кој забрзано се креираат видеоигри на зададена тема. Станува збор за онлајн натпревар кој е организиран од заедница на развивачи која „се прослави“ токму со организирањето на овој Game Jam. Натпреварот се организира три пати во годината, а натпреварувачите во текот на креирањето на својата игра креираат и повеќе скриншоти кои потоа ги спојуваат во time-lapse видео.

Оваа година во април за прв пат натпреварот се одржа и во Скопје. Тогаш ентузијастите од Скопје се собраа во хаклабот Кика и во 48 часа ги креираа своите игри. Засега нема најава за одржување на Ludum Dare во Скопје, но сè уште е рано. Доколку има интерес можно е да се организира и во Скопје, вели Кристијан Трајковски од Dark-1 еден од арганизаторите на настанот во април.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии