ИТ Настан: Хакатон и конференција за дигитализација на индустријата за осигурување

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Во следните десетина дена ќе се одржат два настани поврзани со осигурителната индустрија. InsurHack Skopje е хакатон закажан за 28 и 29 септември, а InsureTech Skopje е конференција со презентирање на дигитални решенија во осигурителната индустрија, овој настан е закажан за 2 и 3 октомври. Двата настани се организирани од Здружението на финансиски организации при Стопанска Комора и Fintechguardian.

Хакатонот треба помогне за студентите да се запознаат со осигурителната индустрија и да учествуваат во развој на дигитални решенија. Учесниците ќе бидат поделени во тимови од по 4 учесници. Настанот е наменет исклучиво за студенти, а учесниците ќе треба да изработат софтверско решенија на некоја тема. Хакатонот има и натпреварувачки карактер, најдобрите решенијата ќе ги претстават на InsureTech. Сите заинтересирани можат да се пријават на веб-страницата на настанот.

InsurТech Skopje ќе се одржи на 2 и 3 октомври. Во Start up Pitch Sessions делот ќе има неколку претставувања од стартапи (претприемачи и start up компании од земјата и странство ќе презентираат дигитални решенија во функција на подобрување на процесите на осигурителната индустрија). Во вториот дел на настанот ќе се одржи Insurtech конференција со учество на реномирани говорници и компании на полето на insurtech. На овој настан може своите решенија да ги претстават и претприемачи и стартап компании. Повеќе податоци за настанот и за говорниците може да најдете на InsureTech Skopje.

InsurHack Skopje и InsurTech Skopje ќе се одржат во Скопје во просториите на Стопанска Комора на Македонија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии