ИТ Настан: графика, 3Д анимација, видеоигри на M3Conference 2020

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Втора година по ред светски експерти во Скопје ќе зборуваат за компјутерската графика, вклучувајќи ги 3Д областа, анимацијата, филмската продукција, производството на видеоигри, виртуелната реалност.

Говорниците на M3Conference 2020 и оваа година доаѓаат од врвни компании и студија, и ќе ги споделат своите искуства на темите за кои важат за експерти на светско ниво.

Помеѓу говорниците оваа година се:

  • Мохит Калианпур, Директор на кинематографија во Walt Disney Animation Studios
  • Мара Макмахорн – моделар и ригер во Pixar Animation Studios  
  • Боби Кодингтон – директор на анимација во Insomniac Games (Marvel)
  • Адам Фигиелски – VFX Supervisor ( Game of Thrones )
  • Тод Суе -Уметнички директор во Apex Legends

Како директор за кинематографија и осветлување на „Frozen 2“, Мохит Калианпур го надгледуваше тимот на талентирани артисти од Walt Disney Animation Studios, кои помогнаа да се реализира филмот со врвен квалитет.

Г. Калианпур е артист во Disney Animation Studios од 1996 година, тој ја истата улога ја имаше и во првиот филм „Frozen“ од 2013 кој доби Oскар за анимациja.

Боби Кодингтон на M3Conference ќе зборува за создавањето на Marvel’s Spiderman.

Како директор на анимација и синематикс, тој е практично одговорен за ригување и анимација на карактери, водење на текот на работите низ тимовите, целосно насочување со стил, работа со камера, лице и околина.

Од втората сезона на ултра популарната серија компанијата VFX е одговорна за изгледот на Drogon, Rhaegal и Viserion. Од втората до последната сезона на ,,Game of Thrones”, Адам Фигиески нè носи низ патувањето на креација на змејовите да изгледаат вистински, дури и премногу реални.

Воедно, се воочува и создавањето и еволуцијата при различните креации на замоци, бродови, на создавање и еволуција на замоци, бродови, визуелни ефекти како додатоци при борбите, поставување, продолжување и многу повеќе

Тод Сју е ветеран – артист за видео игри, со 16 години искуство, кој придонесува за некои од најнезаборавните и најомилените блокбастери на нашето време.

Во неговото најавено едукативно предавање, Тод ќе одговори на често поставеното прашање, „Како продолжува компанијата Respawn да прави хитови со својот помал тим?“; Ќе се погледне зад сцената и ќе се дискутира кои фактори ги обликувале Apex Legends и со какви предизвици се соочил уметничкиот тим; а ќе говори и за стратегијата на уметничката насока и културата што им помогнале да имаат успешен старт.

Мара Мекмакон работеше на наградуваниот краток филм ,,Bao” во продукција на PIXAR, кој беше објавен пред светски познатиот анимиран филм „Incredibles 2“.

Со враќањето на BoPeep во Toy Story 4, уметниците имале задача да го оживеат повеќедеценискиот лик чиј живот испадна многу поразличен од Вуди.

На едукативното предавање таа ќе зборува за развојот на BoPeep низ целиот тек на работата на тимот, почнувајќи од истражување на оригиналните средства за Toy Story и уметничките дела од архивите на Pixar, одејќи преку еволуцијата во приказната и секторот за уметност, и конечно преку тимско местење, засенчување и прилагодување.

M3Conference ќе се одржи на 20-ти, 21-ви и 22-ри март во зградата на Македонска филхармонија во Скопје. Организатор на настанот е M3DS академијата за компјутерска графика, анимација и дизајн на видеоигри.

Целата листа на говорници разгледајте ја на веб-страницата на настанот.

Билетите се достапни во продажба на „Купи карти за сè“.


Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии