ИТ настан: Google Code-in 2011 е одлична можност за сите средношколци!

Google Code-in е натпревар за ученици од средните училишта (13-17 години) со цел да се охрабрат младите да учествуваат и придонесуваат во изработка на софтвер со отворен код.

Овој натпревар сигурно на повеќето од средношколците ќе им биде прва средба со светот на слободниот софтвер. Во натпреварот се вклучени организациите кои имаат искуство со менторирање студенти за Google Summer of Code програмата, кои за помалите имаат креирано специјални задачи кои се соодветни на можностите и знаењето на средношколците.

Задачите се групирани во следните категории:

  1. Кодирање: Задачи поврзани со пишување или рефакторирање (преработување/подобрување) на код;
  2. Документација: Задачи поврзани со креирањето/едитирањето на документи;
  3. Outreach (маркетинг): Задачи поврзани со менаџирање на околината и ширење на пораката/маркетинг;
  4. Quality assurance (утврдување/проверка на квалитет): Задачи поврзани со тестирање и утврдување на тоа кодот да е со висок квалитет;
  5. Истражување: Задачи поврзани со проучувањето на проблем и понудување на можни решениа за истиот;
  6. Тренирање: Помагање на другите да научат повеќе;
  7. Превод: Задачи поврзани со локализација;
  8. Кориснички интерфејс: Задачи поврзани со истражувањето на на корисничкото искуство или дизајнирање на корисничкиот интерфејс и интеракција.

Натпреварот е веќе почнат, затоа би било добро ако сте заинтересирани веднаш да се вклучите! Натреварот ќе трае до 16 јануари 2012 година.

За да се вклучите треба да ја посетите оваа страница, каде треба да се регистрирате. Организациите кои учествуваат во овој натпревар, имаат листи на задачи од кои вие можете да си одберете и да пробате да ја решите. Задачите имаат објаснување, време за кое е предвидено да ги решите, ниво на тежина за задачата и работи кои треба да ги извршите за да се смета задачата да решена. „Лесните“ задачи вредат 1 поен, „средните“ 2 поена, а „тешките“ 4 поена.

Задачата ја одбирате со едноставно кликање. Можете да работита на само една задача во дадено време. Не можете да одберете задача која некој друг веќе ја одбрал, освен ако ако не е повторно отворена.

Кога ќе ја решите задачата, ја предавате според тоа што се очекува од вас да завршите.

Комуникацијата се одвива на англиски јазик, па е потребно да го владеете доволно за да можете да ги извршите задачите.

Вреднување на извршените задачи и награди

Задачите ќе ги вреднуваат „судиите“ кои се назначени од организацијата која ја има зададено задачата која сте ја решавале. Параметри се: креативноста, темелноста, квалитетот на работата. Ако задачата која сте ја решиле ги исполни критериумите на „судиите“ вашата задача ќе биде прогласена за завршена (completed).
Ако решите една задачка ќе добиете само маичка, но ако решите 3 ќе добиете награда од 100 до 500 долари во зависнотост од тежината на задачите. Секој учесник може да добие максимум 500 долари и маичка, колку задачи и да реши. Единствен исклучок на ова е ако е победни на главната награда.

Победницита на главните награди се оние кои собрале најмногу бодови на натреварот. Овие учесници ќе добијат бесплатна посета на просториите на Google во Маунтин Вју, Калифорнија. Секој од овие учесници ќе добие авионски превоз за него и еден родител/старател, хотелско сместување за две ноќи и оброци. Звучи возбудливо, нели? :)

Секој ваков натпревар е уште една можност да научите повеќе, да соработувате со одлични тимови и да се забавувате додека работите.

Ви посакувам среќа!

1 коментар на “ИТ настан: Google Code-in 2011 е одлична можност за сите средношколци!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии