ИТ настан: Го прославуваме 15-тиот роденден на Wikipedia

Малку кој очекуваше на 15-ти јануари 2001-ва година дека еден веб сајт кој го едитираат волонтери ќе стане и најголемата светска енциклопедија на знаење. Но, 15 години подоцна, денес сите зависиме од овој фантастичен проект. Најдобар пример за тоа е Википедија на македонски која во моментов брои над 84.690 статии.

Енциклопедијата ќе го слави својот роденден и во Скопје. Организирана од македонската вики заедница и македонскиот огранок на Wikimedia, од 15-ти и 22-ри јануари ќе има локални настани . Првата журка со панел дискусија, презентации, музика и пијалоци е закажана во петок, 15-ти јануари во Концепт 37. Ќе се слави истовремено со глобалниот роденден кој ќе се одржи на шест континенти. Утредента, во саботата ќе има документарен филм за Wikipedia, обука за уредништво и активизам и предавања за авторските права и Wikimedia како глобално движење.

Од 17-ти до 22-ри јануари ќе има уредувачки маратони и едукација на сите волонтери кои сакаат да споделат знаење и да бидат дел од овој глобален проект.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии