ИТ Настан: Game Design How To?

IT Novum е едукативен настан наменет за млади луѓе кој оваа година ќе се одржи по трет пат.  Над 500 учесници ќе имаат можност да учествуваат на еден од најголемите настани за Game Design и Design Thinking (Хакатон) во Македонија. Главна цел е подигнување на свеста и развојот на информатичките науки.

Оваа година на обуките за Game Design ќе се изработува Level Design како и модели и анимации за креирање на игрa и видео (Cinematic). Финалните креации ќе бидат презентирани пред публиката на завршниот настан на 11-13 мај во МКЦ (Младинскиот културен центар).

Целокупниот настан е предвидено да трае од 20 април до 13 мај во кој пријавените ќе треба да одвојат еден ден за изучување на техниките и алатките кои се потребни за создавање на една анимација за гејм дизајн, притоа креирајќи свое автентично дело. Креативците ќе бидат групирани во тимови за заедничко исполнување на целта. Најдобрите 3 тима ќе добијат стипендија во вредност од 400.000 ден (прво место), 300.000 ден (второ место), 200.000 ден (трето место), како и други вредни награди за амбициозните индивидуалци од страна на нашите спонзори. И да напоменеме, предзнаење не е потребно.

M3DS како Академски партнери со Unreal Engine и Autodesk Authorised Training centar нуди шанса да се обучите во Unreal Engine и меѓународно да се сертифицирате во Autodesk Maya.

Повеќе информации и пристап до линкот за регистрација на Facebook страната.