ИТ Настан: G33k Gathering во Осјек од 11 до 13 октомври

The Geek Gathering, конференција која е наменета за развивачите и ИТ ентузијастите, ќе се одржи од 11 до 13 октомври во Осјек, Хрватска. Во времетраење од три дена, присутните гикови ќе може да слушаат предавања од врвни предавачи, да учествуваат во дискусиите и на практичните работилници, како и да се натпреваруваат во забавниот дел од конференцијата. Целиот настан е фокусиран на новите технологии, односно пресметките во облакот, JavaScript, технологиите со отворен код, безбедоста на веб апликациите и слично.

На конференцијата ќе се зборува за начините на работа и решавање на проблемите со кои развивачите се соочуваат при користењето на новите технологии, а како предавачи ќе се појават Мартин Нуман (Centralway), Том ‘Spot’ Калавеј (Fedora Project, Red Hat), Рут Суел (Wired.com), Том Бучхок (Node.js), Миљенко Цвјетко (Holisticware/Xamarin), Давор Павуна (EPFL), Крунослав Бегиќ (Pronect), Ратко Мутавџиќ (Projektura), Томислав Типуриќ (Microsoft) и други…

За време на паузите помеѓу предавањата, присутните ќе може да го покажат својот натпреварувачки гејминг дух играјаќи ги Street Fighter II, Super Mario Kart, Tetris и др. на флипер, Nintendo, Super Nintendo, Commodore и Amiga.

Цената за регуларната влезница во моментот изнесува 160 евра, додека студентите имаат 50% попуст и истата чини 80 евра. (Наведените цени важат до 8 септември)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии