ИТ Настан: Фронт-енд митап Скопје #19

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Мартин Зламал и Мајкл Сангер се гости на 19-от Фронт-енд митап Скопје. Настанот е закажан за 12 ноември и ќе се одржи во просториите на Хаклаб Кика.

Гостите доаѓаат од Kiwi.com, платформа, пребарувач за евтини летови. За сите кои сакаат да го следат настанот најверојатно е поважно дека говорите ќе бидат на англиски јазик.

На настанот говорниците ќе разгледаат 2 теми:

  • Мартин Зламал ќе говори за алатките кои им помагаат на девелоперите нивната JavaScript апликација да остане „нормална“ и скалабилна. Во говорот ќе претстави 5 одбрани алатки и  библиотеки кои на развивачите можат да им помогнат.
  • Мајкл Сангер ќе зборува за безсерверски бекенд сервиси за JavaScript развивачи. Дел од говорот ќе биде употребата на JavaScript за развој на веб-апликации, мобилни апликации и JavaScript како бекенд јазик.

Повеќе податоци за настанот како и потврда за учество може да направите на Meetup.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии