ИТ настан: Foursquare Super Duper Swarm Party 2012 во Рамстор

И трета година по ред ќе се лови Swarm значката на Super Duper Swarm Party 2012. Настанот е закажан за 22 декември во трговскиот центар Рамстор, но, наместо 290 чекирања на Foursquare, колку што имаше лани, овојпат ќе се цели кон 500 чекирања во периодот меѓу 20 и 23 часот. Исто како лани, има шанса македонската Foursquare заедница да биде прва на Балканот која ќе ја отклучи значката.

За време на настанот, кој е организиран од Рамстор, New Media MK и 365.com.mk, сите Foursquare корисници кои ќе се чекираат во трговскиот центар ќе добијат попуст во продавниците. Новост е што сега ќе има вистинска забава со локалната скопска група Пеперминт, но, бендот ќе свири само ако се отклучи значката. :)

Со среќа. Можеби наредната година ќе се цели кон Epic Swarm со 1.000+ чекирања. Еве како изгледаше собирот на македонските форскверџии лани:

[youtube]pf2xVKV-apQ[/youtube]

2 коментари на “ИТ настан: Foursquare Super Duper Swarm Party 2012 во Рамстор

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии