ИТ настан: ФИНКИ Industry Learn & Talk 2018 #2

Следната недела, од 29 до 31 мај, ќе се одржи вториот ФИНКИ Industry Learn & Talk настан. Овој пат поддршка на ФИНКИ ќе им бидат Intertec, Seavus, ITLabs, Kiwi, DoXteam и InPlayer.

Вториот ФИНКИ ILT ќе биде насочен кон споделување на искуствата во областа на DevOps. Компаниите, заедно со ФИНКИ, ќе ги презентираат своите искуства во насока на автоматизацијата на процесите на развој, тестирање и продукциска околина, како и користењето на различните алатки и платформи.

Покрај говорите, ќе има простор и за неформален дел на кој ќе може да се разменуваат искуства и секако, ќе има простор за дружење и поврзување со колегите.

Целта на Industry Learn & Talk настаните е споделување на знаења и искуства меѓу ИКТ компаниите, како и за промоција на нови технологии. Засега веќе има неколку компании кои ја поддржаа иницијативна, но ФИНКИ е отворен и за понатамошна соработка со нови компании.

Првиот ваков настан „Cloud Days“ се одржа во февруари. Темата на првиот настан беше „облакот“ и технологии поврзани со дигиталниот облак. На Cloud Days тогаш се разговараше и за различните видови на cloud технологии и нивната импликација во оваа индустрија.

Ако сте заинтересирани за темата, повеќе податоци и резервации може да пронајдете на веб страницата на ФИНКИ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии