ИТ настан: ФИНКИ ги пречека идните македонски информатичари

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ги пречека основците од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ на час на кој беше демонстрирана употребата на современата технологија во едукацијата на младите.

На часот беа презентирани NAO хуманоидниот робот, Microsoft Kinect како и SRV-1 роботот кои се дел од опремата на Лабораторијата за роботика и интелигентни системи при ФИНКИ. На часот беше демонстрирана употребата на оваа современа технологија за едукација во основното образование преку едукативните игри кои ФИНКИ ги разви за тие потреби. Беше промовирана и апликацијата од студентите од ФИНКИ која учествуваше на Microsoft Imagine Cup натпреварот и нејзините можности за користење во едукативни цели. Дополнително беа демонстрирани и можностите за развој на алтернативни кориснички интерфејси за управување на мобилни роботи.

Овој настан е прв од низата настани кои ќе следат, а во кои ќе се третира примената на современите технологии во образованието. Целта на овие настани е ФИНКИ да го истакне своето мото „пасија за технологија, пасија за наука, пасија за живот“ за да ја разбуди желбата за изучување и примена на технологијата кај младите генерации.

[youtube]mhq8Q-xA2p4[/youtube]

4 коментари на “ИТ настан: ФИНКИ ги пречека идните македонски информатичари

    1. Греота е ти што си се запишал, а не ти се загрева столицата за учење, оди вози такси таму и ослободи место за оној што сака да учи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии