ИТ настан: прв фестивал за анимации Анимакс Скопје Фест

Од 24-ти до 26-ти ноември се одржува првиот фестивал за анимации во Македонија, Анимакс Скопје фест.

„Појавувањето на Анимакс Скопје Фест ја има двојната цел, да ја заживее и врати на старата слава македонската анимација и да ги стимулира новите млади автори кои ќе донесуваат нови светски награди, а тие да ги одмеруваат креативните потенцијали и на нашиот фестивал, а Анимакс ќе значи, покрај нивно учество во компетитивната програма, воедно и запознавање на нашата публика со дострелите во светската анимација, за сите заедно да му ја вратиме некогаш високата меѓународна позиција на Скопје како центар со развиена школа на анимираниот филм.“, се вели во соопштението (.pdf).

Настанот започнува на 24.11 во 17:00 часот во Кинотека на Македонија каде ќе се претстави жирито и ќе се направи ретроспектива на 40-те години македонска анимација. Потоа ќе следи прикажување на официјалната селекција на анимации од 20:00 часот.

На 25.11 програмата продолжува со најдоброто од LIAF, средба со Aн МАри Флеминг и продолжување на прикажувањата на официјалната селекција.

На 26.11, сабота, ќе биде посветено внимание на детската програма и работилница за анимација за деца, а ќе продолжи подцна со скандинавска анимација и прогласување на победниците.

Анимакс Скопје Фест е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии