ИТ настан: ФЕИТ ве поканува на воведен курс за програмирање

Четврта година по ред на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе се одржи воведен курс за програмирање, организиран од Институтот за компјутерски технологии и инженерство при ФЕИТ. Иако Code@FEIT 2015 е наменет за идните студенти на факултетот кои немаат претходно програмерско искуство, целта на курсот е да мотивира што повеќе луѓе да програмираат, што значи дека вратите ќе бидат отворени за сите ентузијасти кои сакаат да научат за основите во програмирањето.

Програмата на Code@FEIT 2015 е организирана во пет работни денови со четири часа предавања во кои слушателите на курсот ќе се запознаат со основите на програмирањето и дизајнирањето на алгоритми. „Во текот на предавањата, преку интерактивна настава слушателите ќе се здобијат со почетни и практични знаења од областа на програмирањето и преточувањето на проблемите во алгоритми, а потоа во програмски код“, се вели во соопштението.

Курсот ќе се одвива во просториите на ФЕИТ во Скопје, секој работен ден почнувајќи од 9-ти до 15-ти септември. За подетални информации за Code@FEIT 2015 посетете го сајтот на ФЕИТ.

1 коментар на “ИТ настан: ФЕИТ ве поканува на воведен курс за програмирање

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии