ИТ настан: eWorld Community ќе го претстават Meetinger на Mobile Monday Macedonia #18

Седми октомври е прв понеделник од месецот, кога традиционално се одржува Mobile Monday Macedonia. На осумнаесетото издание, кое започнува во 18:30 часот во МКЦ, ќе гостуваат eWorld Community кои ќе ја претстават својата апликација Meetinger. eWorld е заедница на неформална група на програмери кои целат да го подобра информатичкото општество во Македонија и поширока. Една од основните цели на заедницата е да им помогнат на почетниците да се вклопат во професионалниот начин на работа.

Meetinger е апликација за организирање на состаноци со разни опции за контакт на учесниците, опции за фаќање текстуални, графички белешки и снимање на аудио записи од состаноците. За да оперирањето со апликацијата биде што е можно по едноставно, апликацијата е синхронизирана и со останатите вградени апликации во Android оперативниот систем, вели eWorld Community.

Здружението на Mobile Monday Macedonia #18 ќе зборува за како дојдоа до идеја за ваква апликација, како ја реализирале и за плановите да креираат cloud систем околу неа. Покрај презентација на апликацијата, дечките од заедницата ќе зборуваат и за нивните глобални цели и желбата да се помогне на почетниците со организирање работна трибина во соработка со ФИНКИ за да се изготви Агрегатор на информации од јавен карактер, каде што беа вклучени специјалистите од eWorld Community и студентите од ФИНКИ. Наскоро се очекува пуштање во употреба на Агрегаторот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии