ИТ Настан: „Европски навики за плаќање“ – презентација на истражување спроведено од EOS

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ, ИТ.МК

На 19 февруари во Хотел Александар Палас, со почеток од 13 часот, под наслов „Европски навики за плаќање“ EOS Матрих Македонија ќе го презентира истражувањето кое компанијата го спроведува веќе 12 години по ред.

По презентацијата на истражувањето „Европски навики за плаќање“ ќе следи дискусија чиј фокус ќе биде анализа на навиките на македонските граѓани со гости претставници од  EOS, Македонско Кредитно Биро, Адвокатска Комора и Комора на Извршители, кои со присутните ќе ги споделат своите видувања и искуства на темата.

Агендата на настанот е следна:

  • EOS истражување „Европски навики за плаќање“         
  • Профилирање на типичен должник во EOS
  • Какви се навиките за плаќање во Македонија? – дискусија, споделување искуство со гости и време за прашања
  • Коктел

Присуството на настанот е бесплатно, а може да се регистрирарате и да го потврдите вашето присуство на следниот линк. Бројот на места е ограничен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии