ИТ настан: Гласен аплауз за Startup Weekend Skopje

Финалето на Startup Weekend Skopje започна со ентузијастичко и гласно аплаудирање од сите присутни во салата на Скопски Саем. Тимовите веќе три дена, од петокот до недела, се дружеа и работеа на свои иновативни идеи. Помогнати од искусни ментори и претприемачи кои го поминале истиот пат, задача на единаесте тимови беше да ги претворат своите идеи во јасни бизнис решенија, кои подоцна ќе бидат стартапи, потоа и успешни и иновативни компании.

Startup Weekend е интернационален настан кој има за цел да го пренесе претприемачкиот дух, да ги мотивира и обучи сите кои имаат иновативни идеи што сакаат да ги претворат во бизниси. Настанот во Скопје, кој се оддржува по четврти пат, по ништо не се разликува од 1.500-те други настани кои се одржуваат во 660 различни градови. Имаше куп креативни идеи, куп гласни и расположени луѓе кои сакаа да работат и да креираат нешто ново. Единствениот проблем можеби беше што тимовите немаа искуство, па нивните идеи звучеа преамбициозни, како да имаат желба веднаш да го освојат светот, без да знаат како првин да ја освојат Македонија. Но, како што вели Ирена Чаушевска, една од менторите и директорка на New Man’s Business Accelerator, на овие тимови треба да се гледа како на „пионири во општество кое не го поддржува ризикот, ниту претприемаштвото“.

По трите дена менторство и креирање, следеше финалето на кое беа претсавени 11-те идеи за стартапи. Тимовите имаа три минути (и ниту секунда повеќе) да се претстават и да ги импресионираат судиите со својата презентација. За жал немаше многу демо верзии, можеби бидејќи тимовите работеа заедно само неколку дена, а ретки беа и мокапите од апликациите. Еве ги идеите за стартапи што ги чувме:

  • Најхрабриот кој прв претставуваше е Coffee Brake. Се работи за едукациски стартап за онлајн курсеви, кој сака да го реши проблемот што 80 отсто од студентите не ги завршуваат курсевите. Затоа Cofee Brake ќе понуди кратки курсеви кои можат да се завршат во 15 минути. Курсевите ќе бидат промовирани преку промотори, кои ќе добиваат 15 отсто од заработката. Компанијата ќе зема 40 отсто, а инструкторите/наставниците останатиот дел од заработката. cofeebrake.com!
  • MyBudget е мобилна апликација која ги организира финансиите на ниво на фамилија на месечено и годишно ниво. Целта им е да направат навики за планирање и да ги едуцираат фамилиите во водење на финансиите. Едукативните совети би биле од експерти.

Во овој момент презентациите беа прекинати од жирито кое ги искритикува двете први презентации дека немаат слајдови за бизнис плановите, па првото прашање мораше да биде „што ви е бизнис планот?“ што е грешка. Двете први презентации не беа единствените што немаа бизнис план. Советот до тимовите беше да „зборувајте за пари, и бизнис модел. За како ќе ги направите парите и колку ви треба. Треба да се објасните на што ќе ги трошите парите, и како ќе им се вратат парите на „алчните“ инвеститори“.

  • Build UP е идеја која ќе им помогне на бизнисите да ги зачуваат лојалните корисници, и да привлечат нови. Build UP е мобилна апликација преку која бизнисите ќе понудат попусти. Анализата вели дека над 70 отсто од бизнисите сакаат да учествуваат во ваква програма, додека поголемиот дел од купувачите сакаат попуст, наместо поклони. Можеби во иднина ќе може да се дигитализираат фискалните сметки за да може да се следи купувањето.
  • Offline Social Network е апликација за чекини и селфија во бизниси. За секој чекин и селфи се добиваат поени според кои бизнисите ќе делат попусти и подароци за лојалност. Интересно, се вика „офлајн“ не затоа што работи офлајн, туку им требало име.
  • Tournament Planner е планер за спортски настани. Проектот планира да биде платформа за организација на спортски натпреварување, вклучувајќи дизајн на сајт, флаери и премиум услуги за кои ќе се плаќа како нотификации за тимовите или резултати во живо. Планерот е наменет за аматерски и професионални турнири.
  • Confy е апликација која сака да ги рангира настаните. Објаснета е како сервис кој ќе служи како аналитика на настаните, за да може да се види дали била интересна локацијата, дали гостите биле задоволни, до промоција на друштвени мрежи на оценките. Confy сака да понуди и можност за избирање на говорници.
  • Dinoo e локациска апликација за наоѓање продукти која користи Yelp и Foursquare рецензии за да им понудат на корисниците да најдат локации. Но, Dinoo размислува за терминали за нарачки и креирање на сметките, иако овој дел беше малку нејасно објаснет.
  • MySecret е анонимна друштвена мрежа која споделува „мисли и емоции“ кои не сакате да ги кажете јавно, но сакате да ги споделите. Ова наликува на Secret апликацијата која е многу популарна, но овој проект вели дека ќе „има повеќе функционалности“.
  • MaxSoftGames е гејминг студио кое работи на Last Hope, постапокалиптична игра со зомбија. Претходно пишувавме за PC играта која го импресионираше жирито со реткото демо. Планот на играта е да се заврши за некој месец и потоа да биде дистрибуирана преку Steam и другите плафроми.
  • Bаbblr app е локациска апликација која препорачува места за забава блиску до вас. Има опција за анонимни постови и препораки. Babblr App на бизнисите ќе им ги предаваат податоците на кои места одат корисниците и што мислат за локациите. Апликацијата е поврзана со Facebook и Twitter профилите од каде можат да се црпат информации за демографии. Една од ретките апликации која имаше демо.

Идеите звучат одлично, но сега ќе треба да се реализираат. Тоа ќе остане обврска и тест за мотивацијата на учесниците. Но, пред да ви кажеме кој го освои првото место за најдобра презентација, да потенцираме дека Startup Weekend не е настан на кој има победници. Се работи за настан кој едуцира и промовира претприемништво, за можност да се поврзе заедницата и да се испробаат идеите. Се оценуваат презентациите и настапите на тимовите, кои добија уште добронамерни критиките од жирито. Клучен совет до тимовите, и сите кои се заинтересирани за почнување на стартап, беше да се следат трендовите. Посебно трендови за компании кои се обиделе со нешто и не успеале. Ниту еден стартап не е прв со уникатна идеја. Но, ако имате желба и мотивација, тогаш се може да се направи на стартап сцената.

На крај честитки до победниците! Третото место оди за Build Up. Второто место е за MaxSoft Games. Прво место е за Bаbblr App.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии