ИТ настан: E-Engagement сака да се активирате онлајн

E-Engagement го најави последниот настан кој треба да ја зaокружи нивната активност за 2015 година. Конференцијата ќе се одржи на 12 декември, а на неа ќе се обратат повеќе говорници во Telekom Innovation Center.

Конференцијата е поделена во четири тематски дела: е-Гужва, е-Бизнис, е-Опкружување и е-Одговорно општество. Посетителите ќе можат да проследат четиринаесет говори oд луѓето зад LetsFundIt, Girls in Tech Macedonia, Skopje Casual, Готвиме со Фичо, #НаТочак и други на интересни теми како: crowd mapping, краудфандинг, дигитална креативност, продажба преку социјални мрежи, здрав живот, технoлогија – именка од женски род, it from bit…

Конференцијата е од отворен карактер, но ќе мора да го пријавите учеството на engagement(ат)youthallance.org.mk со име, професија или организација и кратко објаснување за мотивацијата за учество на конференцијата. Оваа година e-Engagement организираше 12 работилници во исто толку градови и активираше 1.200 млади луѓе онлајн. „Како дел од проектот ние спроведовме 12 еднодневни работилници во 12 градови низ Македонија (Гостивар, Кавадарци, Крушево, Куманово, Кратово, Делчево, Свети Николе, Струга, Гевгелија, Струмица, и Штип) со иста главна цел – зајакнување и охрабрување на младите луѓе за користење на дигиталните вештини, нови идеи и алатки кои ќе им овозможат да бидат што повеќе вклучени во решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив“, велат од организацијата.

12322960_1673826452833512_1312847463546348413_o

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии