ИТ настан: Донирајте за Новогодишна елка од пластични шишиња

Не ги фрлајте пластичните шишиња! Направете елка од нив. Во недела, на 23-те декември, во Градскиот парк во Скопје по втор пат ќе се прави Новогодишна елка од пластични шишиња (еве како изгледаше тоа лани). Организиран од македонската Twitter заедница, оваа година настанот ќе добие поддршка и од други компании, меѓу кои и друштвото за управување со пакување и отпад од пакување, Пакомак, кои ќе ја откупат елката, а парите ќе ги донираат за добротворни цели.

 

Настанот е прекрасен гест да се мотивира рециклирањето и донирањето, па би било добро да стане и традиционален настан. Сите се добредојдени да учествуваат, а ако имате вишок шишиња пунктовите за собирање на шишиња ќе бидат отворени во сабота, на 22-ри декември од 12 до 14 часот во Рамстор, Беверли Хилс, Лептокарија, Универзална сала и ТЦ Бисер.

 

Елката ќе се прави утредента, на 23-ти декември во 10:00 часот во Градскиот Парк Скопје, кај Школка. Повеќе детал за настанот и пријава за учество ќе најдете на Facebook.

 

5 коментари на “ИТ настан: Донирајте за Новогодишна елка од пластични шишиња

    1. Ѓорѓи, секој настан што вклучува ИТ заедница која се организира онлајн е ИТ настан, (која разлика е од ова и собирање на програмери и дизајнери на едно место?)

      1. Срамота е ти како уредник на ИТ сајт да не го знаеш тоа.

        Денес секое дете користи интернет, фејсбук и незнам што. Ако се договорат по фејсбук да играат фудбал у маало, тоа е за тебе ај-ти настан? Само затоа што онлајн се организира?

        Исто така, не секој кој има твитер (или фејсбук) профил е член на ИТ заедница.

        Заклучок: за еден настан да биде ИТ, треба да има врска со информатика.

        Дно на мизеријата се пластичните шишиња. Џипси меџик. Требаше во Шутка да го организирате „ИТ“ настанот.

        Еве еден илустративен пример за забавните ангажмани на една ИТ заедница, од некогашниот источен блок, Полска.
        [youtube HDcL6lHYI-Y http://www.youtube.com/watch?v=HDcL6lHYI-Y youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии