ИТ настан: Донирајте пластични шишиња за новогодишна #ЕлкаМК 2016

Четврта година по ред во Градскиот парк во Скопје ќе се прави новогодишна #ЕлкаМК од пластични шишиња. Настанот, кој го започна македонската Twitter заедница, сега се пресели и на Facebook во обид да се привлече што е можно поголем интерес за оваа еколошка и хуманитарна акција. Целта на #EлкаМК e да ја подигне свеста за важноста на рециклирање и селектирање на отпадот.

Правиме елка од пластични шишиња – рециклираме, градиме, продаваме, донираме!“, велат волонтерите кои во сабота, на 26-ти декември, од 12:00 до 14:00 часот ќе постават пунктови низ Скопје на кои можат да се достават пластичните шишиња. Пунктови ќе има во Аеродром пред ТЦ Бисер; кај Универзална сала; во Капиштец пред ТЦ Беверли Хилс; во Кисела вода пред споменикот на Тодор Александров и во Лептокарија пред Флуид. Настанот е поддржан од Пакомак, кој ќе ја откупи елката т.е. пластичните шишиња. Парите ќе одат во хуманитарни цели.

Видео од минатогодишнaта елка:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии