ИТ настан: Дојдете на пиво и муабети за кодирање на Beer & Code

Beer & Code започна спонтано во стартапот Fridgecheck, каде хрватскиот основач Иван Мајсторовиќ сакаше да ги запознае програмерите и другите ИТ професионалци од Македонија. Иван со тим македонски програмери работи на апликација со која може да се следи потрошувачката на храна, односно колку е празен фрижидерот. Со Beer & Code, вели тој, сакаа да се запознаат уште талентирани луѓе и да споделат идеи. Како поинаку ако не со пиво и муабети за кодирање?

„Основната идеја беше, со пиво во рака, да разговараме за актуелните трендови, да споделиме идеи и да ја зајакнеме македонската заедница, бидејќи по Mobile Monday на кој предавав, немаше посериозни ИТ настани“.

На Beer & Code, кој се оддржува секој втор четврток, а веќе е најавено осмото издание, се собираат околу 50-тина програмери и ИТ ентузијасти кои споделуваат предавања и искуство. Засега има локални предавачи, но Иван вели дека сака со тек на време, како што ќе расне настанот, да донесе и интернационални предавачи кои ќе зборуваат на глобални теми.

„Кој знае можеби еден ден ќе направиме и конференција“, вели Иван.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии