ИТ настан: Доделени Блогираме.мк и Twitter наградите

Најпрво, за тие што не се запознаени, Blogirame.mk доделуваше награди за македонските блогери и твитерџии. Номинациите, дел од категориите и победниците ги одредуваше самата заедница, а синоќа во МКЦ во добар дел на присуство на истата, беа доделени и златните медаљи за победниците.

За најсекси блогер/ка беше избрана Ангела со нејзиниот блог Angela Dissected, најреволуционерен блог (социјално и политички ангажиран) – Здраворазумен хејтеризам, без сомнение наградата за најблог за мода отиде во рацете на Skopje Casual, кои исто така, ја добија и наградата за најдобар фото блог.

Награда за најсмешен блог, втора медаља за Здраворазумен хејтеризам. Најдобар блог во домен на културни работи (литература и сл.) е изгласан Букбокс на Off.net.mk, најдобар пост на годината – Животот на еден електраш, најдобар спортски блог – NBA MacedoniaМакедонија, и по третпат, Здраворазумен хејтеризам – најдобар блог за 2012. Последната награда, наградата за најдобар ИТ и/или Интернет маркетинг блог ја доби This is Not a Social Media Blog.

Twitter награди

  • Најдобар твитерџија/ка кој почнал да твита во 2012 – @RumShtangla.
  • Најдобар твит во 2012 – „Слободно може да се заебавате на моја сметка, блокирана ми е!“ [линк].
  • Твитерџија кој оваа година најмногу напреднал од стартот на неговата твитерџиска кариера – @BatmanSaysT.
  • Твитерџија/ка кој е најкорисен и кој е вистинска вредност што го имаме во твитосферата – @sead93.
  • Најкомпанија/организација на Twitter – @offnetmk.
  • Најтаг за 2012 – #ЗдравоБоби.
  • Најдобар аватар – @Plavaaa.
  • Најдобар твитерџија/ка во #третасмена – @irenaxxx.
  • Најдобра твитерџиКА – @RumShtangla.
  • Најдуховит твитерџија/ка – @Sulimanovic.
  • Најактивен твитерџија од дијаспората –@SkDeeyasporah.
  • Највлијателен твитерџија/ка – @VlatkoVasilj.

Честитки до сите победници и до прекрасната организација. Добар начин да се крене блогерството на некое ниво погоре, а твитерџиите да продолжат да го прават тоа што најдобро знаат во 140 карактери.

Подолу е видео од наградите. Продолженијата ќе ги најдете тука. Сите резултати од гласањето ќе ги најдете тука.

[youtube]pNfk7RiIuOM[/youtube]

3 коментари на “ИТ настан: Доделени Блогираме.мк и Twitter наградите

  1. Аватарот да го видевме? Ако е оној гифот со цурата на топка, тој е стар, собран од Интернет (гугл имиџ срч и сл.)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии