ИТ настан: Дискусија за Скопје 2014-та под лупа и за отворените податоци

Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) и фондацијата Метаморфозис, на 10 ноември во Coffice, организираат средба на која ќе се дискутира за важноста на отворените податоци. На настанот ќе се дискутира за јавниот интерес за што поголем број отворени податоци во Македонија, потенцијалот и постојните иницијативи. Заинтересираните на оваа средба ќе можат да се сретнат со членови на граѓански организации и новинари, но и со останатите посетители за размена на мислења и разгледување на можности за соработка помеѓу граѓанскиот сектор, граѓаните и медиумите. Посетителите за важноста на отворените податоци ќе можат да се запознаат преку примери од истражувањето на БИРН, „Скопје 2014 под лупа“.

Средбата е поддржана од програмата на USAID за јакнење на независните медиуми во Македонија и Проектот мрежа на граѓански организации за отворени податоци, имплементиран од фондацијатаМетаморфозис, поддржан од Британската амбасада во РМ, а во партнерство со Open Knowledge Foundation.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии