ИТ настан: Дискусија за responsive дизајн на 15-тиот Mobile Monday

Како по обичај, на првиот понеделник од месецот, а тоа сега е 4-ти март, ќе се одржи нов Mobile Monday со почеток во 18:30 часот во клубот МКЦ, во Скопје. На овој настан тема ќе биде респонзивниот дизајн, oдносно веб дизајн кој реагира со намалување и скролање на опциите за да одговараат на различните екрани на различните уреди.

Настанот ќе започне со презентација на front-end програмерката и веб дизајнерка Александра Христов од Netcetera. Александра се занимава со дизајн уште од средно во Корчагин кога работела на списанието „ВиЗиЈа“ и учествувала и организирала неколку изложби како дел од колективот НМП. Во тоа време исто пројавува интерес и за CSS. Дипломира на ФЕИТ како инженер по Информатика и компјутерско инженерство во 2008, а во моментот сè уште е на магистерски студии по софтверско инженерство на ФИНКИ. Работи во Netcetera нешто повеќе од две години.

По презентацијата ќе следи дискусија на темата. Настанот е отворен за сите ентузијасти и професионалци кои имаат интерес во мобилната и ИТ индустријата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии