ИТ настан: Дискусија за интелектуална сопственост во хаклабот КИКА

На настанот се прикажа еден филм за како е дојдено до патентирање на софтверот, а се прикажа и добропознатото хитлеровата пародија на филмот „Der Untergang” каде Хитлер се прикажува како продуцент кој сака да си ги заштите авторските права. Тоа видео е важно за контекстот на авторските права бидејќи пред некој ден YouTube започна да ги трга овие видеа од сервисот затоа што според продукциската куќа Constantin Film сите тие хитлерови пародии ги прекршуваат авторските права. Целата збрка со популарното меме се случи бидејќи Content ID системот за одржување на содржината на YouTube не препознава контекст, односно пародијата се води како фер користење. Тоа го натера YouTube да објасни и да најде начин да ги информира корисниците за фер користењето.

Целата приказна е многу јасна – дигаталниот напредок наложува да се најде подобар и појасен начин за авторските права и пред се да се даде правото на слободното фер користење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии