ИТ настан: Ден на Microsoft посветен на НВО секторот – „Бидете иницијатор на промени“

(Oва е гостински текст од Елена Игнатова, проектен координатор во Фондацијата Метаморфозис)

Локалната канцеларија на Microsoft Македонија заедно со фондацијата Метаморфозис го организираат денот на Microsoft посветен на НВО секторот „Бидете иницијатор на промени“. Денот, кој е посветен на невладините органиации, ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор преку интерактивна програма да ги подобрат своите ИКТ вештини, но и да дознаат повеќе за употребата и можностите кои ги нуди Microsoft преку програмата Youthspark и апликациите за сајбер-грантови. Присутните претставници на граѓанскиот сектор ќе имаат можност и да дискутираат околу употребата на технологијата и друштвените мрежи за постигнување на подобро онлајн присуство и достапност до граѓаните.

Настанот ќе се одржи на 20 март во просториите на Скопски саем, Дипломатик сала со почеток од 10 часот. Присуство на настанот се пријавува преку пополнување на следниот формулар. Хаштаг за настанот е: #msngoMK. Во продолжение следува агенда на настанот:

  • 10.00-10.15 Отворање на настанот [Стефан Плавјански, генерален менаџер на Мајкрософт Македонија и Косово, и Бардил Јашари, директор на Фондацијата Метаморфозис]
  • 10.15-10.45 Воведно обраќање: Како невладините организации можат да имаат корист од новите технологии [Елена Игнатова, проектен координатор во фондацијата Метаморфозис]
  • 10.45-11.15 Создаваме вистински влијанија за подобро утре: Microsoft YouthSpark. Презентација на Програмата на Microsoft за донирање софтвер  [Влора Адеми,  програмски менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Косово]
  • 11.15-11.45 Кафе пауза
  • 11.45-12.30 Друштвени медиуми за општествена полза [Тамара Ресавска, проектен координатор во фондацијата Метаморфозис]
  • 12.30-13.15 Технологија за НВОи: Соработка преку интернет [Јовче Пластиновски, консултант, Microsoft Consulting Services]
  • 13.15-13.30 Завршни коментари
  • 13.30-14.30 Ручек

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии