ИТ Настан: Demystifying Embedded со Елена Петревска

Women In Tech Macedonia организираат онлајн ит-настан под мотото „Demystifying Embedded“. Како што може да претпоставите фокус на настанот се ембедираните технологии. Говорник ќе биде Елена Петревска, Embedded Software Engineer во Pepperl+Fuchs SE, Германија.

Говорот ќе трае еден час. Во ова време Елена ќе објасни повеќе за својата ИТ кариера и за тоа како оваа технологија се користи во денешното секојдневие и воедно што ја прави незаменлива и барана.

ИТ Настан Demystifying Embedded

Елена Петревска е Embedded Software Developer во Pepperl+Fuchs SE. Има завршено електротехника на универзитетот за аплицирани науки Манхајм во Германија; веќе 6 години работи во Embedded секторот на индустриски уреди. Освен во Embedded, има познавања и од други технологии како: Web Development, Internet of Things, Cloud; постојано е заинтересирана и учи нови технологии како што доаѓаат на маркетот.

Demystifying Embedded ќе се одржи на 27 август од 19 часот. Билетите се бесплатни и достапни на Everbrite.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии