ИТ настан: Дејв Бирс ќе говори за креативноста на престојниот AllWeb

За Дејв Бирс технологијата овозможува неверојатна демократизација на креативноста. „Таа овозможува распространување на креативноста, па денес секој може да биде креативен. Технологијата нѐ ослободи од стегите , што значи дека сега не мора да бидеш во маркетинг индустријата за да создаваш креативни дела“, вели г. Бирс која во својата долга кариера беше музичар, комичар, поет, илустратори, графити уметник, но и креативен директор на најголемите лондонски агенции од McCAnn, OgilvyOne, Poke и Nice agency.

Г. Бирс ќе биде еден од десетина говорници на AllWeb, конференција за дигитален маркетинг што е закажана за 13-ти ноември во Скопје. Иако неговото искуство е вредно за раскажување, сепак тој ќе говори за креативноста и нејзината улога во дигиталната револуција, наспроти традиционалните бизнис модели.

Заедно со него, како гостин е најавен и Пол Пападимитриу, основач е на Intelligencr, компанија за развој на стратегии за иновација, преку која тој го пренесува дигиталниот свет, светот на мобилните и социјалните медиуми во бизнис искуство обликувано за новиот потрошувач. Тој е ко- домаќин на LeWeb, а има зборуванo пред публика на сите континенти.

Повеќе информации за програмата на AllWeb може да се најдат на www.allweb.mk. Влезниците за конференцијата веќе се пуштени во продажба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии