ИТ настан: Официјално лансирање на Dark Souls 3 во Скопје

По Diablo 3 и World of Warcraft кои се ретки игри кои имаа официјални полноќни лансирања во Македонија, тимот на GG.mk најавува уште еден кул гејминг настан. Третото продолжение на Dark Souls ќе има официјално лансирање и во Македонија.

Настанот ќе се одржи на 12 април во продавницата на Галерија во Skopje City Mall. Освен можност за дружење, љубителите можат и да ја купат PlayStation 4 верзијата. За сите кои не се убедени дека ќе им се допадне третото продолжение ќе има конзоли на кои ќе може да се тестира играта. Настанот ќе биде пренесуван и на најдобрата македонска емисија за игри*, GG на Twitch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии