ИТ настан: Бесплатен Creative Summer Start за програмирање, дизајн и мрежи

Едукативниот центар на Seavus организира тридневен бесплатен летен камп за програмирање, дизајн и компјутерски мрежи. Creative Summer Start ќе трае од 22-ри до 24-ти јуни, и ќе понуди бесплатни предавања, работилници, дискусии и менторски средби за идните дизајнери, мрежни инженери и програмери. Преку школата Seavus сака да ги запознае учесниците со нивните три академии, и затоа во склоп на летниот камп ќе има натпревар. Најдобрите 3-ца учесници кои ќе се истакнат на предизвикот ќе можат бесплатно да студираат во една од трите академии. Пријави се на кампот преку формата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии