ИТ настан: ClickAttack ќе зборува за мобилно огласување на 16-тиот Mobile Monday Macedonia

Гости на 16-тиот по ред Mobile Monday Macedonia ќе бидат преставници на регионалната огласувачка мрежа ClickAttack која се огласува на куп македонски и регионални медиуми.

На настанот кој е закажан на 13-ти мај, понеделник, во клуб МКЦ со почеток во 18:30 часот, ќе се зборува за огласувањето на мобилните телефони на локално и на глобално ниво, за искуство на градењето на ClickAttack како стартапи, за проблемите со кои се соочуваат на онлајн пазарот, за тоа дали огласувањето е потребно и како програмерите можат да добијат корист од тоа.

Втората презентација на овој MobileMonday носи наслов: “Како да го победите oDesk (www.odesk.com) – сервисот за онлајн работење.”, a презентер ќе биде Иван Манчевски. Тој е графички дизајнер со преку 10 години искуство, поранешен сопственик на една од првите компании за дигитално печатење во Скопје. ИТ новинар одговорен за неколку рубрики и креирање на содржина во магазините Plugin PC World Macedonia и Click. По повод една година работење и преку 1.400 работни часови на oDesk тој сака да го сподели своето искуство и да посочи неколку трикови и финти како да почнете и успешно и активно да работите на сервисот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии