ИТ настан: Cisco Expo 2012 по втор пат во Mакедонија

Од 6 до 7 јуни се одржува конференцијата на Cisco, Expo 2012 чија тема оваа година ќе биде „Заедно до иновации”. На конференцијата ќе има презентации и демонстрации во живо преку кои Cisco ќе ги претстaви своите нови продукти и трендови, од користење на облак сервиси, интелегентни мрежи, виртуелизација, видео и колаборација, и ќе се споделат идеи за развој на локалниот пазар.

„Особено задоволство ми причинува фактот што конференцијата повторно ќе се одржи во Македонија. Настанот полека прераснува во традиција и претставува случување на кое е препорачливо да присуствуваат сите професионалци и деловни луѓе во областа на информатиката и телекомуникациите.“, вели директорот на Cisco Mакедонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, Харис Пињо.

За влез во Cisco Expo 2012 се плаќа по 8.000 денари за двата дена, а може да се регистрирате на сајтот на конференцијата. На сајтот ќе ја надете агендата и дополнителни информации за настанот.

Cisco Expo се одржува по втор пат во Македонија. Првиот настан се случи во 2008-та година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии