ИТ Настан: „Build Fast with Flutter“ – Првиот Flutter настан во Македонија

На 30 јули, 2019 со почеток во 19:00 часот во Кафе Бар Читална, Google Developers Group – Skopje го организираат вториот настан за годинава, “Build Fast with Flutter”. Придружете им се со регистрација на Meetup за да научите повеќе за Flutter и како да развивате native апликации во рекордно време со единечни бази на код.

Овој настан го посветуваат и на апликацијата која ја крена свесноста за загадениот воздух во Македонија, Мој Воздух, во лето, во периодот кога сите забораваат на овој проблем од енормен размер. Настанот е поделен во два дела, отворена презентација и затворена работилница. Предавачи на овој митап се Горјан Јовановски, од Мој Воздух и Jeroen Meijer, администратор и креатор на заедницата на Flutter на Github.

Подетална агенда:

‘Социјална промена со Flutter’ – работилница и предавање

Она што го прави овој настан единствен и атрактивен е работната сесија со Горјан Јовановски од Мој Воздух. Преку работилница тој ќе ги воведе заинтересираните во Flutter и ќе го пренесе своето искуство во оваа платформа. Горјан неодамна успеа да ја преработи и трансформира добро познатата апликација Мој Воздух за само 2 месеци. На затворената сесија, Горјан ќе работи со учесниците на изградба на компоненти од Мој Воздух со Flutter, за да ја долови едноставноста и брзината на платформата за креирање на iOS и Android апликации со истиот код. За да аплицирате за работилницата потребно е да ја пополните следнава апликација.

‘Redux in Flutter: An Introduction’ – предавање

Освен Горјан, особено значење на настанот додава и специјалниот гостин од Холандија, Jeroen Meijer, кој е администратор и креатор на Flutter Community на GitHub, и ќе зборува за Redux. Во software development, малите проекти се значително поразлични од големи апликации. Со раст на обемот на апликацијата и додавање на функционалности, брзите решенија кои ни користеле претходно може да предизвикаат багови подоцна. State management-от исто така може да стане покомплексен и промените во логиката и UI ќе биде потешко да се имплементираат како што се зголемуваат условите. Во својата презентација, Jeroen ќе зборува за тоа како ‘Redux’ може да ни помогне да изградиме брзо и едноставно скалабилна мобилна апликација.

Повеќе за настанот, агендата како и говорниците и изненадувањата може да дознаете на профилите на GDG Скопје на Fb, Twitter & Instagram. Предавањата ќе бидат проследени на англиски јазик.

За GDG Скопје

GDG Skopje заедницата работи независно и волонтерски, и е отворена да поддржи иницијативи и остварува соработка со компании, организации и индивидуалци. Моменталните опции за да се приклучите на оваа група е како волонтер, поддржувач, спонзор, developer advocate или како учесник, а вашиот интерес може да го проследите на нивната емаил адреса.

Повеќе информации за Flutter: https://flutter.dev/

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии