ИТ Настан: Blogomanija 2013 ќе се одржи на Копаоник од 28 ноември до 1 декември

Оваа година второто издание на конференцијата за блогери, Blogomanija , ќе биде на Копаоник, Србија, во периодот од 28 ноември до 1 декември. Blogomanija е настан наменета за сите блогери, креатори на содржина, луѓе од медиуми, маркетинг и ПР. Годинава во фокус ќе биде колку е важна квалитетната содржина на интернет, а повикани се сите кои имаат предлози и сакаат да ги претстават своите изработки да се пријават на официјалниот сајт.

Според твитот објавен од @torbica и блогот MarketingITD, цената за сместувањето би се движела околу 66 евра за сите денови, одосно по 22 евра на ден. Котизацијата за сите учесници е бесплатна, додека бизнис котизацијата чини 200 евра. За сите што нема да имаат сопствен превоз, како за минатогодишната Blogomanija и Tvitomanija која се одржа оваа пролет, и овојпат ќе има организиран превоз од Белград, Загреб, Љубљана и Копер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии