ИТ Настан: „Blockchain for the Enterprise“

Блокчејн, но и сите технологии поврзани со финансискиот сектор се во пораст последниве неколку години. За жал во Македонија и нема премногу локации каде може да се запознаете со технологијата, па мора да ја искористиме секоја прилика.

На 19 септември во организација на WeTalkIT во Скопје на тема блокчејн ќе говори Владимир Симјаноски, основач и директор на Blokverse. Г. Симјаноски доаѓа со 16 годишно искуство на различни позиции во ИТ секторот, од развој на софтвер и  архитектура до операции.

Од најавата за настанот се чини дека е наменет за сите. Фокусот ќе биде на блокчејн, ќе може да слушнете повеќе за тоа што е блокчејн, како и различните типови на блокчејн и технологии во кои може да се користи.

„Blockchain for the Enterprise“ ќе се одржи на 19 септември од 18:30 во Vinyl. Со повеќе детали за настанот може да се запознаете на веб-страницата на Meetup.