ИТ настан: BizSpark камп за развој на Windows 8 апликации

Во организација на ПСМ Фондација и Microsoft, BizSpark кампот на тема “Windows 8 развој на апликации” го поканува сите стартап фирми, професионалци и ентузијасти кои развиваат софтвер да научат нешто повеќе за новиот Windows 8 oперативен систем кој ќе биде официјално достапен од 26-ти октомври.

Настанот, кој ќе се оддржи на 12 октомври (петок) од 10 до 14 часот, е наменет за програмерите од сите платформи, Android, Apple, HTML/JavaScript, C++, .Net, софтверски архитекти и технички одлучувачи. Но, бројот на учесници е ограничен на 20 и потребно е да се испрати апликација на [email protected] најдоцна до среда, 10-ти. Настанот ќе се одржи во ПСМ инкубаторот во Автокоманда.

Подолу е ангендата на настанот. Предавач ќе биде Дејан Димитриевски од Microsoft.

  • 10.00- 11.00 Новото Windows 8 искуство – Дискусија за новата Windows платформа за градење на апликации со модерен стил – преглед на Windows 8 функционалностите, преглед на дизајн принципите, изборот на програмскиот јазик и интеграциските точки со самиот оперативниот систем;
  • 11.00- 11.10 Пауза;
  • 11.10- 12.10 Дизајн на Windows Store апликација – Windows 8 го бележи следниот чекор во еволуцијата на модерните апликации и дизајни. Со користење на бои, типографија и движење, новиот UI дизајн нуди свеж пристап до корисничкото искуство. Во ова предавање ќе се посветиме на дизајн принципите на новиот оперативен систем и како да ги примените во вашите апликации;
  • 12.10-12.20 Пауза;
  • 12.20- 13.20 Практични примери за апликации и нивна разработка од идеја до реализација. Интеграција со Cloud-oт и како полесно до освојување на нови пазари;
  • 13.20- 14.00 Дискусија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии