ИТ Настан: Бизнис тренерот на ИКЕА ќе го започне годинешниот Startup Grind

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Минатиот октомври, по пауза од неколку години Startup Grind се врати на стартап сцената. Целта на оваа глобална иницијатива поддржана од Google for Startups е да се поврзе корпоративниот сектор со стартап заедницата и сите кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Последниот настан кој се одржа минатата година во организација на Vrootok Marketing & Consulting помина одлично, со бројна публика и проактивна панел дискусија.

Tимот на Vrootok мотивиран од развојот на стартап заедницата во Македонија и пројавениот интерес, на 20 февруари ја отвораат сезоната на Startup Grind Skopje настаните за оваа година.

Во овој прв, од низата настани што следуваат, ќе имате прилика да ја дознаете “тајната состојка” на успешните Скандинавски стартап компании, која ќе ја сподели Per-Erik Persson– бизнис тренер на едни од најголемите шведски брендови како што се ИКЕА и ÅF.

Темата на овој Startup Grind Fireside chat е “Скандинавското лидерство, клучот на успешните стартапи”.

Настанот ќе се одржи на 20.02.2019 година во просториите на Центар за трансфер на технологии и иновации – ИноФЕИТ (во склоп на ФЕИТ Скопје) од 18 до 20 часот.

Бројот на места е ограничен, а билетите по цена од 300 денари може да се купат преку Grouper на следниов линк. Сите средства собрани од овој настан, ќе бидат донирани во добротворни цели.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии