Спонзориран текст

ИТ настан: Првата конференција за е-трговија ги објави билетите по Early-bird цена до крајот на септември

Спонзорирано од АЕТМ

во feature, Вести, ИТ.МК

Во пресрет на првата конференција за е-трговија во Македонија, која ќе се одржи на 26 октомври во Хотел Мериот во Скопје, организаторите ги пуштија во продажба првите 100 билети по посебна (Early Bird) цена.

Билетите можат да се купат на официјалниот сајт на конференцијата – www.ecommerceconference.mk – со кредитна картичка или пак преку нарачка и плаќање преку фактура. Цената на промотивните Early Bird билети е 4,244 денари и важи до 25 септември или до трошење на планираната количина, по што ќе бидат објавени билети по регуларна цена.

На конференцијата, чија тема е „e-Трговија: е-Иднина за е-Македонија!” ќе се разговара за развојот, видовите на плаќања, начини на достава, а ќе се споделат и маркетинг искуства за тоа што функционира во е-трговијата на локално и глобално ниво. Повеќе од 20 домашни и интернационални говорници ќе ги споделат своите искуства и ќе дебатираат во внимателно одбрани панел дискусии за предизвиците со кои што се соочуваат е-трговците во Македонија и можни решенија за истите. Листата на говорници постепено се открива на јавноста, а истата може да ја видите на следниов линк.

Конференција е наменета за претприемачи и основачи на компании, економисти, маркетери, претставници од средниот и топ менаџмент и институции од поширокиот екосистем на е-трговијата, при што тие ќе имаат можност да научат за постојниот и иден развој на е-трговијата, како и да слушнат практични совети за оптимизирање на нивното онлајн присуство и подобрување на ефективноста на нивните бизниси.

Конференцијата е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, која се стреми кон инклузивна е-трговија.

Не чекајте, купете го вашиот билет веднаш! – www.ecommerceconference.mk


Напомена: IT.mk е медиумски партнер на конференцијата, а IWM Network е активен член на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија која е организатор на настанот. 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии