ИТ Настан: Azure Saturday 2019 во организација на МК.нет

На 18 мај, сабота во Скопје, македонската .НЕТ заедница организира еднодневен настан со фокус на Microsoft Azure. Организаторите и досега организираат одлични настани, па нема да биде никакво изненадување ако настанот изобилува со интересни теми, новости, концепти и искуства од Microsoft Azure.

Azure Saturday 2019 е бесплатен настан кој може да го посетат сите кои сакаат да научат нешто повеќе за Cloud, Serverless концептот, сервиси кои може да ги употребат за развој на апликации во облак, употреба на Azure DevOps за покривање на комплетниот процес на модерен развој на софтвер како и заокружување на сето претходно со воспоставување на добри безбедносни пракси.

„Ова е прв ваков настан организиран од македонската .NET заедница, во стилот на светски познатите најразлични Saturday event-и. Сакаме ова да ни стане традиција и покрај веќе добро афирмиранатa Code Camp конференција, да понудиме на нашите верни поддржувачи и уште неколку вакви помали еднодневни настани посветени на одредени актуелни теми како што е во случајот Cloud односно Microsoft Azure“, вели Дарко Милевски, организатор на настанот и член на бордот на македонската .НЕТ заедница.

Интересот за настанот е голем и веќе има над 200 регистрирани посетители. Повеќе информации и линк за регистрација може да пронајдете на azuresaturday.mk или на facebook страницата за Azure Saturday. Настанот се одржува во Хотел Порта и започнува од 9:30 часот.

1 коментар на “ИТ Настан: Azure Saturday 2019 во организација на МК.нет

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии