ИТ настан: 6-та конференција за ИТ иновации во Охрид 2014

Деновиве во Охрид се одржува шестата ICT Innovation Conference. Организирана од ICT-ACT, на конференцијата се поканети околу 240 универзитетски професори по информатика и компјутерско инжинерство од 46 држави, кои доставија научни трудови за како да се поттикне развојот на информатичката технологија.

На конференцијата се дискутира за теми од учење на податоци кои се стримаат, до препознавање на настани преку видео за надзор, креирање на паметни друштвени платформи, до собирање и анализа на податоци на е-владини Facebook страни и анализа на рецензии за филмови напишани на македонски јазик. Една од темите е и користењето на слободните информации. Македонија преку министерствата се обврза дека ќе ги ослободи сите информации од институциите кои потоа ќе можат да бидат искористени за корисни сервиси и услуги.

“Македонија како 32 држава потписник на Договорот за отворено владино партнерство се обврза да ги отвара податоците и веќе сме едни од лидерите во светот по бројот на отворени податоци, и тоа не само во облик достапен за граѓаните, туку и во машински формат за истите податоци да можат да се порцесуираат, од нив да се создаваат мобилни или веб апликации, односно истите податоци да добијат нова додадена економска вредност“, вели ИТ министерот Иво Ивановски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии